Дописници МКДОпштински вести

Претставници од јапонска „Џајка“ во посета на штипската Филтер станица

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со претставници од Јапонската агенција за меѓународна соработка – „Џајка“ извршија увид во работењето на Филтер станицата во населбата Баби во Штип. Бочварски истакна дека агенцијата „Џајка“ има инвестирано во оваа Филтер станица за реконструкција, а денеска нејзините претставници извршуваат увид во работата.Општината редовно го исплаќа кредитот кон „Џајка“, кој беше во износ од околу 450.000 евра.

Штип, 23 јануари 2020 (МИА)Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со претставници од Јапонската агенција за меѓународна соработка – Џајка извршија увид во работењето на Филтер станицата во населбата Баби во Штип. Бочварски истакна дека агенцијата Џајка има инвестирано во оваа Филтер станица за реконструкција, а денеска нејзините претставници извршуваат увид во работата.Општината редовно го исплаќа кредитот кон „Џајка“, кој беше во износ од околу 450.000 евра.

Денеска сме овде заради запознавање на претставниците од Џајка до каде е целата реконструкција и како ќе излеземе од овој процес којшто е почнат од поодамна. Ги запознав претставниците дека Министерството за земјоделство има распишано јавна набавка за опрема и за изградба на уште еден објект овде со цел да со таа најнова опрема успееме да добиеме вода од хидросистемот „Злетовица“, рече Бочварски.

Новиот објект, но и опремата во која се вклучува и супер филтрација е проценет на околу пет милиони евра. Повикот за реализација на овој проект завршува на 5 февруари, по што ќе следи изборот на фирмата, која ќе го реализира во наредната година.

Бочварски вели дека со приклучувањето на штипската Филтер станица на Хидросистемот „Злетовица“ и со новата инвестиција Штип ќе може да дистрибуира околу 300 литри во секунда, додека сега со постојниот бунарски систем испораката е од 180 до 200 литри во секунда. Забележа дека Општина Штип и ЈП „Исар“ се грижат Штип да биде стабилен со снабдување на вода во наредните децении. вдј/дма/

Back to top button
Close
Close