БалканБалкан.Портал

Претставници на Република Српска ја прекинуваат работата во заедничките институции

Претставници на Република Српска ќе го стопираат донесувањето одлуки во заедничките институции сè додека не се донесе новиот закон за Уставниот суд, најави денеска претседателката Жељка Цвијановиќ.

Бања Лука, 12 февруари 2020 (МИА) – Претставници на Република Српска ќе го стопираат донесувањето одлуки во заедничките институции сè додека не се донесе новиот закон за Уставниот суд, најави денеска претседателката Жељка Цвијановиќ.

По состанокот со претставниците на Република Српска во институциите на БиХ, како и со лидерите на парламентарните политички партии во Републиката, Цвијановиќ рече дека тоа е првиот заклучок на состанокот.

Претставниците на Република Српска го прекинуваат своето учество во одлучување на ниво на БиХ сè додека не се донесе новиот закон за Уставниот суд на Босна и Херцеговина во кој нема да има странски судии во овој суд, пренесе РТРС.

Вториот заклучок е дека ќе биде побарана итна седница на Националното собрание на Република Српска.

Цвијановиќ рече дека двата заклучока се донесени едногласно. паг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close