Svet.SlajderСветСвет.Портал

Претставничкиот дом на САД одобри санкции за заштита на автономијата на Хонг Конг

Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави едногласно го одобри текстот што предвидува автоматски санкции против кинеските власти кои не ги исполнуваат меѓународните обврски на Кина кон автономијата на Хонг Конг.

Овој предлог-закон го поддржуваат и републиканците и демократите, во обид да се зголеми притисокот врз Пекинг по мерките донесени од американската Влада, откако Кина во вторникот донесе закон за национална безбедност во поранешната британска колонија.

По неполни 24 часа од стапувањето на сила на кинескиот закон за национална безбедност на Хонг Конг полицијата вчера пристапи кон првите апсења. паг/

 

 

Таг
Back to top button
Close
Close