Kultura.SlajderДописници МКДКултураКултура.Портал

Претставите на Битолскиот театар лани ги виделе 27 965 посетители

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола минатата година на матичната сцена изведе 135 претстави кои ги виделе 27 965 посетители.

Битола, 30 јануари 2020 (МИА)Ансамблот на НУ Народен театар-Битола минатата година на матичната сцена изведе 135 претстави кои ги виделе 27 965 посетители.

Во минатата година реализирани се и 39 дополнителни активности, како и гостувања во државата и странство, односно во Србија, Црна Гора и во Кина.

-Со поддршка на Министерството за култура лани премиерно беа одиграни театарските претстави „Детето сонува“, „Бакхи – Краток преглед на распадот“, „Август во округот Осејџ“, „Доктор Шусетер“, „Си беше еднаш во иднината“ и „Аудиција“. Репрезно одиграни се 14 театарски наслови, а богата понуда имавме и на „Битола Шекспир фестивал“. Статистички, најмногу беше одиграна претставата „Детето  сонува“ од Хенох Левин во режија на Итаи Дорон, и двајцата од Израел, информираат од Битолскиот театар.

Претставите на битолските актери најмногу биле посетени во ноември, кога се евидентирани 6820 гледачи, а во декември имало 4550. Во текот на цела 2019 година претставите на НУ Народен театар-Битола ги следеле 27 965 посетители.

-Успешната 2019 година е потврдена со важни награди и признанија за Битолскиот театар, а најголемите признанија се поврзани со претставата „Бакхи – Краток преглед на распадот“ која на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп беше наградена за најдобра претстава во целина, а Игор Вук Торбица доби награда за режија, потсетуваат од оваа национална установа.

Во Битолскиот театар во тек се подготовките за нова премиера – „И коњите ги убиваат, зарем не?“ од Хорас Меккој во режија Мартин Кочовски. мт/хс/

Back to top button
Close
Close