Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Претставени проектите за развој на планинскиот туризам на Пониква

Можностите за развој на капацитетите за планински и друг вид туризам беше главна тема на работната средба што ја организираше градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев со вицепремиерката Мила Царовска и раководителот на Секторот за соработка во Делегацијата на Европската Унија, Никола Бертолини.

Кочани, 14 август 2020 (МИА) – Можностите за развој на капацитетите за планински и друг вид туризам беше главна тема на работната средба што ја организираше градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев со вицепремиерката Мила Царовска и раководителот на Секторот за соработка во Делегацијата на Европската Унија, Никола Бертолини.

На средбата што се одржа во Инфо-центарот на Пониква на Осоговските Планини, беа претставени подготвените проекти за развој на туризмот во општината и регионот, како и неопходната поддршка за нивна реалзиација.

– На средбата разговаравме за нашите стратегиски определби за развој, во кои туризмот е меѓу главните приоритети. Со подготвената документација за неколку проекти, во која Општина Кочани вложи сопствени средства, веќе сме подготвени за нивна реализација. Сметам дека со природните ресурси со кои располагаме и проектите што ќе го подобрат туристичкиот развој, не само општината и регионот може добро да живее. Ние веќе имаме поддршка од европските фондови за проектот „Планински велосипедски рај“ кој е во тек на реализација, а на средбата стана збор и за можностите за аплицирање за другите проекти, истакна градоначалникот Илијев.

Вицепремиерката Царовска и претставникот од Делегацијата на ЕУ, Бертолини го посетија објектот во градба што ќе биде наменет за планинарски дом на Пониква, што како проект финансиран преку Светска банка, со средства од Европската Унија.

Гостите беа информирани и за тековниот проект за реконструкција на двата ски-лифта, како и за другите потенцијали што ги нудат Пониква и Кочани за развојот на туризмот. та/мч/

Back to top button
Close
Close