0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Претставена топката со која ќе се игра финалето во ЛШ

Европската фудбалска федерација ја претстави топката, која ќе се користи во финалето во Лигата на шампионите.

Нион, 18 февруари 2020 (МИА) – Европската фудбалска федерација ја претстави топката, која ќе се користи во финалето во Лигата на шампионите.

Топката за финалето ја изработи партнерот на УЕФА, компанијата „Адидас“.

Финалето ќе се игра на 30 мај на „Ататурк“ во Истанбул.

Инаку, во ЛШ, вечер во 21 часот стартува осминафиналето со натпреварите:

Атлетико Мадрид – Ливерпул и Борусија Дортмунд – Пари Сен-Жермен. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close