ЕвропаЕвропа.Портал

Претседателските избори во Полска ќе се одржат

Претседателските избори во Полска ќе се одржат во мај и покрај пандемијата на коронавирусот, изјави претседателот Анджеј Дуда за католичкиот весник „Наш дневник“.

Варшава, 4 април 2020 (МИА) – Претседателските избори во Полска ќе се одржат во мај и покрај пандемијата на коронавирусот, изјави претседателот Анджеј Дуда за католичкиот весник „Наш дневник“.

Националистичката партија Закон и правда не се откажува од изборите на 10 мај и покрај пандемијата на Ковид-19 и затоа предложи да се воведе гласање преку пошта наместо граѓаните да одат на гласачките места.

Полибералниот коалициски партнер во Владата, партијата Договор, оценува дека е нереално да се одржат избори во планираниот термин и предлага да се одложат за 2 години.

До денеска во Полска се потврдени 3.503 случаи на Ковид-19 и 73 починати. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close