Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Претседателските избори во Полска ќе се одржат на 28 јуни

Претседателските избори во Полска, што беа откажани поради пандемијата со новиот коронавирус, ќе се одржат на 28 јуни, изјави денеска претседателката на Долниот дом, Елизабета Витек

Варшава, 3 јуни 2020 (МИА) – Претседателските избори во Полска, што беа откажани поради пандемијата со новиот коронавирус, ќе се одржат на 28 јуни, изјави денеска претседателката на Долниот дом, Елизабета Витек.

Граѓаните, во согласност со новите правила, ќе можат да гласаат лично или по пошта.

Претседателските избори во Полска првично беа закажани на 10 мај, но беа одложени поради пандемијата.

На изборите на 28 јуни ќе учествуваат истите кандидати што беа пријавени на 10 мај, вклучително и актуелниот шеф на државата Дура.

Додека неговиот политички опонент, градоначалникот на Варшава, Рафал Трзасковски за да се пријави на изборите ќе морад да собере 100.000 потписи до 10 јуни. Другите кандидати веќе претходно имаа собрано потписи.

Во согласност со новите правила, потпишани со закон од страна на претседателот во вторникот навечер, гласачите ќе можат да избираат дали да гласаат лично или по пат на пошта. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close