0_Македонија.ПорталПолитика

Претседателот Пендаровски утре во официјална посета на Полска

Во Варшава, претседателот Пендаровски со највисоки државни и воени почести, како што е најавнео, ќе биде примен од претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда, а ќе оствари и билатерални средби со Маршалот на Сејмот, Елжбијета Витек и со Маршалот на Сенатот, Томаж Гроцки.

Скопје, 3 февруари 2020 (МИА) – Претседателот Стево Пендаровски, утре ќе престојува во официјална посета на Република Полска.

Во Варшава, Пендаровски со највисоки државни и воени почести, како што е најавнео, ќе биде примен од претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда, а ќе оствари и билатерални средби со маршалот на Сејмот, Елжбијета Витек и со Маршалот на Сенатот, Томаж Гроцки.

Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари средба со истакнати слависти и македонисти, кои живеат и работат во Полска.

За време на официјалната посета на Република Полска, претседателот Пендаровски ќе биде придружуван од сопругата, Елизабета Ѓоргиевска. цр/лв/

 

 

Back to top button
Close
Close