0_Македонија.ПорталВидеоВидео изјаваПолитика

Претседателот Пендаровски се сретна со кипарскиот МНР Никос Христодулидес

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски денеска имаше средба со министерот за надворешни работи на Република Кипар Никос Христодулидес, на која било разговарано за можностите за соработка меѓу двете држави по воспоставувањето на дипломатските односи во август 2019 година.

Скопје, 4 март 2020 (МИА) – Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски денеска имаше средба со министерот за надворешни работи на Република Кипар Никос Христодулидес, на која било разговарано за можностите за соработка меѓу двете држави по воспоставувањето на дипломатските односи во август 2019 година.

Претседателот Пендаровски, како што информираат од неговиот кабинет, на средбата истакнал дека Република Северна Македонија е подготвена за развој на соработката со Република Кипар во сите сфери од заемен интерес, вклучувајќи ја економската соработка, трговската размена и инвестициите. Во тој контекст, претседателот Пендаровски изразил очекување за скорешно дипломатско претставување меѓу двете држави на ниво на амбасадори.

Во однос на аспирациите на Северна Македонија за членство во Европската Унија, претседателот Пендаровски, се вели во соопштението, го реафирмирал очекувањето дека наскоро ќе биде донесена новата методологија за водење на пристапните преговори и ќе биде одреден датум за почетокот на пристапните преговори за членство со Унијата. Таквата одлука, според претседателот Пендаровски, ќе даде значаен придонес во зајакнувањето на стабилноста и просперитетот на регионот, но и на самата Европска унија.

Претседателот Пендаровски на средбата истакнал дека државата продолжува да работи на исполнување на стратешките цели, како и на реализација на домашната реформска агенда. На средбата, како што информираат од кабинетот на Пендаровски, биле разменети мислења и информации за актуелните состојби во регионот, вклучувајќи ја и заканата од нелегална миграција. аа/са/

Таг
Back to top button
Close
Close