0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

ДИК до утре треба да достави мислење за временските рокови за изборниот процес

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими членовите на Државната изборна комисија откако вчера во неговиот Кабинет се одржа лидерска средба за одржувањето на предвремените избори.

Скопје, 13 мај 2020 (МИА) – Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими членовите на Државната изборна комисија откако вчера во неговиот Кабинет се одржа лидерска средба за одржувањето на предвремените избори.

-Претседателот Пендаровски ги запозна членовите на Државната изборна комисија со ставовите на претседателите на политичките партии и консензуално усвоениот став дека е потребно Државната изборна комисија да достави мислење за временските рокови потребни за спроведување на изборниот процес. На средбата беше договорено ДИК утре да го достави своето мислење до Кабинетот на Претседателот, соопшти Кабинетот на Пендаровски. хс/дма/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close