0_Македонија.ПорталПолитички партии

Претседателот на НДП Мемеди на средба со холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп

Тесното партиско раковдство на НДП, предводена од претседателот Весел Мемеди, Генералниот секретар Сухејл Фазлиу, како и потпретседателот Премтим Исени, реализираа официјална средба со амбасадорот на Холандија во Скопје г. Дирк Јан Коп.

18 февруари 2020

Тесното партиско раковдство на НДП, предводена од претседателот Весел Мемеди, Генералниот секретар Сухејл Фазлиу, како и потпретседателот Премтим Исени, реализираа официјална средба со амбасадорот на Холандија во Скопје г. Дирк Јан Коп.

Претседателот Мемеди, и се заблагодари на амбасадорот за силната подршка на Холандија за нашата земја, на патот кон НАТО и ЕУ, и побара од амбасадорот и понаtаму да ја подржат земјата за заокружување на мисијата  кон Европската унија.

Претседателот на НДП Мемеди, истакна дека  деструктивните сили во земјата се побудни и свесни од било кога досега и поради оваа причина се бара голема будност од демократските сили. Претседателот Мемеди истакна дека Северна Македонија не е имуна на овој судир, и дека единствениот начин да се справат со овие деструктивни сили е воспоставување на владеењето на правото, правна држава, реформи во судството и многу други области на правдата.  Нема дилема дека меѓународната заедница има наравено неуморни напори за сочувување на безбедноста, стабилноста и редот, во земјата и регионот, но во исто време потребна е голема подршка за владеењето на правото, бидејќи овие две вредности секогаш одат паралелно, истакна меѓу другото претседателот Мемеди.

Амбасадорот на Холандија г. Дирк Јан Коп и се заблагодари на делегацијата за посетата и ја пофали конструктивната улога на НДП во членството на Северна Македонија во НАТО, и дека Холандија ќе продолжи да ја подржува Северна Македонија на патот кон ЕУ.

 Служба за информирање на НДП

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close