Политички партии

Претседателот на НДП Мемеди на средба со грчкиот амбасадор Јанакакис

Во текот на многуте средби на претседателот на НДП со дипломатските претставници во земјата, денес претседателот на НДП г. Весел Мемеди придружуван од генералниот секретар г. Сухејл Фазлиу и директорот на Центарот за анализи и истражување на НДП г. Абудулкадир Исаки, реализираа средба со неговата екселенција, амбасадорот на Република Грција во Северна Македонија г. Димитрис Јанакакис.

Скопје, 15 јануари 2020

Актуелните случувања во земјата, Преспанскиот договор, интеграцијата на Северна Македонија во НАТО и ЕУ, искрената меѓусоседска соработка во секоја област, особено во економската, беа во фокусот на разговорот на средбата помеѓу лидерот на НДП и неговата екселенција, грчкиот амбасадор во Северна Македонија.

Г. Мемеди и г. Јанакакис се согласија за интеграцијата на Северна Македонија во НАТО и ЕУ како единствена алтернатива за земјата и регионот, што се овозможи со историскиот договор од Преспа меѓу двете земји. Исто така, се согласија дека спроведувањето на Преспанскиот договор како процес, бара вистински ангажман на политичките актeри на двете земји, имплементација што ќе ги пополни празнините кои беа создадени во минатото за меѓусоседска соработка во секоја област.

Г. Јанакакис, како и секој дипломат во земјава, високо го цени придонесот на г. Весел Мемеди и НДП во врска со процесот на постигнување на Преспанскиот договор и деблокирање на процесите за евроинтеграција на Република Северна Македонија.

Служба за информирање – НДП

_________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close