0_Спорт.ПорталФудбал

Претседателот на Наполи со предлог за Европски куп со 80 тима

Она што Де Лаурентис го нуди е турнир што ќе ги вклучува првите седум екипи од италијанското, германското, англиското, шпанското и француското првенство, како и првите четири екипи од португалското, холандското, белгиското, шведското и сите други првенства на Стариот континент. Тимовите ќе бидат распределени во четири групи по 20 тима, а ждрепка ќе го одреди календарот и кој прв ќе игра дома.

Неапол, 7 мај 2019 (МИА) – Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис предложи револуционерна промена во европскиот фудбал, кој ќе стави крај на Лигата на шампионите и Лига Европа, и наместо нив, да се создаде Европски куп со 80 тима.

– Лигата на Шампионите и Лига Европа треба да бидат отстранети. Сегашниот формат на ЛШ фаворизира малкумина избрани клубови, додека Лига Европа е утешна награда. Сето веќе е многу старомодно. Фудбалот ни стана здодевен, изјави италијанскиот филмски продуцент.

Она што Де Лаурентис го нуди е турнир што ќе ги вклучува првите седум екипи од италијанското, германското, англиското, шпанското и француското првенство, како и првите четири екипи од португалското, холандското, белгиското, шведското и сите други првенства на Стариот континент. Тимовите ќе бидат распределени во четири групи по 20 тима, а ждрепка ќе го одреди календарот и кој прв ќе игра дома.

– Ќе го наречам Европски куп и натпреварите ќе се играат во вторник, среда и четврток, за да биде слободен викенд за локалните првенства, објасни ексцентричниот сопственик на Наполи.вз

Таг
Back to top button
Close
Close