0_Спорт.ПорталФудбал

Претседателот на италијанската Серија А позитивен на коронавирус

Претседателот на италијанската Серија А, Паоло Дал Пино беше позитивен на коронавирус, пренесува „Фудбал Италија“.

Рим, 6 октомври 2020 (МИА) – Претседателот на италијанската Серија А, Паоло Дал Пино беше позитивен на коронавирус, пренесува „Фудбал Италија“.

Дал Пино е во изолација дома и ќе ги следи процедурите наведени во медицинскиот протокол за да се спротивстави на ширењето на КОВИД-19.

Забележано е дека 58-годишниот функционер нема симптоми на инфекција.

Претходно, Серија А одби да го одложи неделниот натпревар Јувентус – Наполи и поведе постапка против гостите од Неапол кои не допатуваа во Торино, откако во нивните редови се појавија два случаја на заразени играчи. зс

Таг
Back to top button
Close
Close