0_Спорт.ПорталФудбал

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на САД поднесе оставка

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на САД, Карлос Кордеиро поднесе оставка поради користење навредлив речник за време на судска парница.

Вашингтон, 13 март 2020 (МИА) – Претседателот на Фудбалскиот сојуз на САД, Карлос Кордеиро поднесе оставка поради користење навредлив речник за време на судска парница.

Дури 28 американски репрезентативки, сегашни и поранешни, поднесоа тужба против него за нивните плати кои беа помали од оние на фудбалерите.

Како контра аргументи на судењето се изнесоа тврдења дека „жените се помалку надарени“ и дека „имаат помал степен на одговорност од нивните машки колеги“.

Сето тоа доведе до протест на фудбалерките по што Кордеиро одлучи да се повлече од функцијата.

– Мојата единствена замисла беше да го направам најдоброто за Федерацијата. Аргументите и вокабуларот што беа користени за време на сослушувањето предизвикаа голема огорченост, особено кај членовите на нашиот женски тим кои заслужуваат подобро. Беше неверојатна привилегија да се служи на местото претседател на Федерацијата, наведе Кордеиро во соопштението. сѓд/гт/

Back to top button
Close
Close