Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел во посета на Тирана

Тој ќе се сретне со премиерот Еди Рама, со кого потоа ќе одржат заедничка прес конференција, а потоа првиот човек на Европскот совет ќе отпатува за Скопје.

Тирана, 24 јануари 2020(МИА) – Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел денеска ќе престојува во работна посета на Албанија.

Тој ќе се сретне со премиерот Еди Рама, со кого потоа ќе одржат заедничка прес конференција, а потоа првиот човек на Европскот совет ќе отпатува за Скопје.

Посетата на Мишел на Албанија доаѓа една недела по посетата на еврокомесарот за соседска политика и преговори, Оливер Вархеји и очекувањата за добвање одлука за започнување преговори со ЕУ.

Вархеји во Тирана ја повтори позитивниот став на Комисијата за започнување преговори со Албанија и со Северна Македонија. Посочи дека се надева преговорите да почнат пред Самитот во Загреб.

Мишел во Тирана доаѓа и во пресрет на донаторската конференција за санирање на последиците од разорниот земјотрес што ја зафати земјата утрото на 26 ноемви минатата година. Конференцијата ќе се одржи во Брисел на 17 февруари.вт/сд/

Back to top button
Close
Close