Дописници МКДОпштински вестиПолитички партии

Претседателот на Движењето „Беса“ во Кичево се повлече од функцијата

Претседателот на огранокот на Движењето „Беса“ во Кичево, Исеин Ајдари, со соопштение до јавноста информира дека се повлекува од претседателската функција на огранокот на оваа партија во Кичево.

Кичево , 9 септември 2020 (МИА) – Претседателот на огранокот на Движењето „Беса“ во Кичево, Исеин Ајдари, со соопштение до јавноста информира дека се повлекува од претседателската функција на огранокот на оваа партија во Кичево.

– Почитувани граѓани, по објавувањето од Централното претседателство на Движењето Беса по одлуката за реорганизација на партијата во структурен аспект, почнувајќи од ограноците и подограноците, со тоа мене како сегашен претседател на огранокот во Кичево, ми завршува мојот мандат, пишува Ајдари.

– Им се заблагодарувам на секој претседател на подгранок и раководството на огранокот кои внимателно ги извршуваа сите активности и задачи што произлегуваат од огранокот во Кичево и јас како нејзин сегашен претседател, вели Ајдари.

Во исто време, му посакувам многу успеси на новиот претседател кој ќе биде избран со гласовите на новите делегати. Му благодарам и на централното претседателство и на претседателот на Движењето Беса, за успешната соработка и можноста дадена на последните парламентарни избори како кандидат за пратеник на подрачјето на Кичево, со кои Движењето Беса стана составен дел од Владата на РСМ, вели Ајдари.

Воедно тој истакна дека посакува сите ветувања дадени на гласачкото тело и нивните активисти да станат реалност и Движењето Беса да наликува на модерна европска партија. рз/оџ/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close