0_Спорт.ПорталФудбал

Претседателот на Бреша: Тонали потпиша со Милан

Во првата сезона, 20-годишниот Италијанец ќе игра на позајмица на „Сан Сиро“ за 10 милиони евра.

Бреша, 1 септември 2020 (МИА) – Младиот играч за врска на Бреша, Сандро Тонали може да се смета за фудбалер на Милан. Ова го изјави претседателот на „рондинелите“ Масимо Челино.

Во првата сезона, 20-годишниот Италијанец ќе игра на позајмица на „Сан Сиро“ за 10 милиони евра.

После тоа „росонерите“ ќе платат уште 28 милиони евра за траен трансфер.

Тонали ќе потпише договор до 2025 година, а неговата почетна плата ќе биде околу 2,5 милиони евра плус бонуси.

Таг
Back to top button
Close
Close