СветСвет.Портал

Претседателот на Бразил се уште е позитивен на коронавирусот

Заразата кај Болсонаро за првпат беше потврдена на 7 јули, а тој и после две недели во карантин се уште е позитивен.

Бразил, 22 јули 2020 (МИА) – Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро се уште е позитивен на коронавирусот, и после најмалку три теста.

Заразата кај Болсонаро за првпат беше потврдена на 7 јули, а тој и после две недели во карантин се уште е позитивен.

Бразилската Влада соопшти дека тој сè уште се чувствува добро.

Според Светската здравствена организација, времето на закрепнување за лесни случаи е две недели.

Болсонаро ќе продолжи да одржува состаноци преку видео-врска.

Коронавирусот е потврден и кај уште четири лица во неговиот кабинет.

Болсонаро повеќе пати ја негираше сериозноста на Ковид-19, и болеста ја нарекуваше „обичен грип“. јт/

 

Таг
Back to top button
Close
Close