0_Македонија.ПорталKultura.SlajderКултураКултура.Портал

Претседателката на МНК ИКОМ им го честита 18 Мај на сите музејски работници

Претседателката на Македонскиот национален комитет при Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ) Маја Чанкуловска-Михајловска денеска упати честитка до сите музејски работници по повод 18 Мај - Меѓународниот ден на музеите.

Скопје, 18 мај 2020 (МИА) – Претседателката на Македонскиот национален комитет при Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ) Маја Чанкуловска-Михајловска денеска упати честитка до сите музејски работници по повод 18 Мај – Меѓународниот ден на музеите.

Во честитката, Чанкуловска-Михајловска потсетува дека поради новонастаната ситуација предизвикана од корона вирусот, сменети се условите на функционирање на музеите и годинава за првпат на неодредено време одложени се традиционалните средби, промоции, советувања, наградите за музејските работници…

–  Сепак, и во вакви услови на изменето функционирање, доаѓа до израз основната мисија и значење на музеите како места во кои се собира, чува, заштитува и презентира културното наследство и уметноста. Во состојба на изолација, страв и неизвесност, пак, се потенцира улогата на музеите како генератори на поврзаноста помеѓу луѓето и нивната колективна локална/регионална/меѓународна припадност преку културата и уметноста. Така, активностите на музеите од „паузирани“ станаа дигитално проактивни, а работата на музејските професионалци стана поинаква. Различната работа насочена кон осмислување на нови инвентивни начини за одржување на интересот на јавноста во период на затвореност за посети на изложбите и колекциите, од своја страна, стана тло за отворање/осознавање на различни преспективи на дигиталното функционирање на креативните платформи за интерактивна комуникација, вели Чанкуловска-Михајловска.

Додава дека се уште со сигурност не се знае кога целосно ќе се нормализираат активностите во однос на физичката комуникација со публиката и колку видоизменето ќе биде отвореното и слободно функционирање, но оти и во вакви услови основната задача на музеите останува одговорноста за заштитата на културното наследство и културата, преку почитување на мерките за заштита на здравјето на публиката и музејските работници.

Ги повикува музеите до целосното отворање уште поактивно да се вклучат во одбележувањето не само на овој ден, туку на цела 2020 година преку онлајн реализација на своите активности на социјалните мрежи на своите институции и на МНК ИКОМ. бак/

Back to top button
Close
Close