Временска прогноза

Претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне локална нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи

Времето претпладне во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има појава на локална нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи.

Скопје, 17 јуни 2021 (МИА) – Времето претпладне во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има појава на локална нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе достигне до 31 степен.

Во следните денови во претпладневните часови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има појава на локална нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. Во сабота се очекува на повеќе места да биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе бидат во постепен пораст.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close