Временска прогноза

Претпладне сончево со мала до умерена облачност, околу пладне и попладне локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето претпладне во земјава  ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени.

Скопје, 20 јуни 2021 (МИА) – Времето претпладне во земјава  ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, околу пладне и попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе достигне до 31 степен.

И во понеделник во попладневните часови ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време и услови за појава на град.

Од вторник следува стабилизирање на времето со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени.

Back to top button
Close
Close