0_Македонија.ПорталОпштество

Претпладне облачно, попладне сончево со северен ветер

Времето претпладне во поголем дел од земјава ќе биде променливо облачно, а од пладневните часови облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено изразен долж Повардарието.

Скопје, 22 февруари 2020 (МИА) – Времето претпладне во поголем дел од земјава ќе биде променливо облачно, а од пладневните часови облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено изразен долж Повардарието.

Во текот на денот облачноста ќе се намалува. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.

Во Скопје, променливо облачно, од пладневните часови со чести сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 8 степени. бк/

 

 

 

Back to top button
Close
Close