Временска прогноза

Претпладне облачно, попладне со врнежи од дожд, на планините од снег

Времето во земјава претпладне ќе биде прoменливо облачно, попладне почнувајќи од запад ќе започнат врнежи од дожд, на планините од снег. Во вечерните и ноќните часови врнежите ќе се прошират на секаде и ќе се интензивираат, особено во западните делови каде на места ќе бидат поројни и проследени со силен југозападен ветер. На планините снежната покривка значително ќе се зголеми, а поради ветерот ќе има услови за појава на снежни наноси.

Скопје, 24 јануари 2021 (МИА) – Времето во земјава претпладне ќе биде прoменливо облачно, попладне почнувајќи од запад ќе започнат врнежи од дожд, на планините од снег. Во вечерните и ноќните часови врнежите ќе се прошират на секаде и ќе се интензивираат, особено во западните делови каде на места ќе бидат поројни и проследени со силен југозападен ветер. На планините снежната покривка значително ќе се зголеми, а поради ветерот ќе има услови за појава на снежни наноси.

Утринската температура ќе се движи од 2 до 8, а дневната од 7 до 14 степени.

Во Скопје, прoменливо облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат со умерен интензитет. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 3, а дневната ќе достигне до 10 степени.

Во понеделник во текот на денот ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со умерен до засилен југозападен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, на планините од снег, пообилни во западните делови. Поради продор на студена воздушна маса врнежите ќе преминат во снег и на некои од повисоките места. Снежната покривка дополнително ќе се зголеми, а поради засилениот ветер ќе има услови за појава на снежни наноси. Во вторник и среда ќе преовладува студено време со засилен северозападен ветер и со повремени врнежи претежно од снег.

Back to top button
Close
Close