Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Претепан бугарскиот новинар Слави Ангелов

Бугарскиот истражувачки новинар Слави Ангелов вчера е нападнат и претепан пред неговиот дом во Софија

Софија, 19 март 2020 (МИА) – Бугарскиот истражувачки новинар Слави Ангелов вчера е нападнат и претепан пред неговиот дом во Софија.

Ангелов (47) е главен уредник на неделникот „168 часа“ и новинар кој пишува за криминалот. Тој се здобил со тешки повреди на главата и нозете и е хоспитализиран, при што бил оопериран. Според лекарите неговиот живот не е во опасност.

Полицијата и Обвинителството го  истражуваат нападот, според кои најверојатно е поврзан со пишувањето на Ангелов, кој е познат по своите текстови за криминалното подземје во Бугарија од 90-тите години од минатиот век,  а пишуваше и за корупцијата во областа на животната средина.

Нападот врз Ангелов го осудија бугарските и меѓународните новинарски организации и побараа брза и транспарентна истрага. Бугарија се наоѓа на 111 место на листата на Репортери без граници за слобода на медиумите. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close