Политички партии

Прес-конференцијата на Артан Груби од ДУИ

Тука сум пред Вас за да адресирам неколку од најдискутираните прашања во јавноста последните денови во медиумите, како и прашањата кои се од интерес на граѓаните и секако да одговорам на Вашите поставени прашања.

Скопје, 21 јуни 2020

Тука сум пред Вас за да адресирам неколку од најдискутираните прашања во јавноста последните денови во медиумите, како и прашањата кои се од интерес на граѓаните и секако да одговорам на Вашите поставени прашања.

Дозволете ми најпрво да Ве запознаам со нашата агенда на изборната кампања.

Демократската Унија за Интеграција, изборната кампања ќе ја започне со промотивна конвенција на кандидатите за пратеници во Преспа, која ќе се одржи во среда со почеток од 13.00 на отворено, додека кампањата ќе ја заврши во Охрид исто така со собир на отворено.

Причината за овој избор е ветувањето на ДУИ дека ќе биде гарантор на Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за добрососедство, бидејќи овие документи и процеси се темел на нашата заедничка држава и на нашата евроатлантска определба. Ова е и основната агенда на првиот Премиер Албанец, целосна интеграција во Европската Унија и потполна рамноправност во сите сфери: економија, правда, работни места, квалитет на живот и др.

За време на сите наши собири и активности максимално ќе ги почитуваме препораките за заштита на јавното здравје и апелираме до сите наши активисти за потполно почитување и заштита на мерките како и да им помогнеме на граѓаните кои имаат потреба од тоа.

Оваа кампања нема да биде вообичаена, но ќе биде Движење за Првиот Премиер Албанец, и поради тоа нашата организација ќе служи како платформа, и затоа ги повикува сите граѓани Албанци и другите да му се придружат на ова движење и да го поддржат со идеи и придонес. Нашите штабови се Ваш дом.

Во врска со постојните дилеми околу основните разлики на начинот и можноста за избор на Претседател на државата Албанец од едната страна, и можноста за избор на Премиер или Претседател на Собранието од другата страна, дозволете ми да кажам, дека првото е утопија во денешна констелација а втората е реална можност. Претседателот на државата се избира од мнозинство граѓани на слободни избори со околу пола милион
гласови, додека Премиерот и Претседателот на Собранието се избираат од парламентарното мнозинство со 61 глас од пратениците.

Ова е дури повеќе од јасно за сите и тука нема ниту една корелацијата помеѓу можноста на избор на едното и другото.

Што се однесува до кандидатот за Премиер, господинот Ахмети остварува интензивни консултации со цивилното општество, академската заедница, претставници од дијаспората, интелектуалци и аналитичари, околу името на нашиот кандидат за Првиот Премиер Албанец во земјата, затоа ги повикуваме сите Албанци, но и другите да ѝ се придружат на нашата иницијатива за де-етнизација на последниот столб на отпорот и моноетничката супремација.

Истовремено, ја поздравуваме големата граѓанска доброволна поддршка, особено на младите, за Првиот Премиер Албанец.

Исто така, дозволете ми да Ве известувам дека денес, од 12.00 часот ќе се отворат сите наши општински изборни штабови и сите ќе бидат поставени на отворен о во плоштадите на градовите, почитувајќи ги сите мерки за заштита.

Прес-конференцијата на Секретарот на ДУИ Артан Груби

__________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Back to top button
Close
Close