Политички партии

 Прес-конференција на Жаклина Шопова од ВМРО-ДПМНЕ за состојбата со Ковид-19

Филипче и Заев  го ставија на колена здравствениот систем.  

Скопје, 20 јуни 2020

Филипче и Заев  го ставија на колена здравствениот систем.

Ковид – 19 на површина ги извади сите проблеми во здравството.

Несправувањето со последиците од корона вирусот ја направи Македонија црна точка во регионот и пошироко.

Неспособноста на Филипче и Заев се виде по сите основи, а со корона кризата го доживеа својот врв. Таа дојде до израз како никогаш досега.

Неспособноста доведе до тоа здравството да е нефункционално.

Граѓаните ја немаат соодветната услуга, медицинските работници се оставени на цедило.

Филипче наместо министер кој менаџира со системот за да се справи со корона кризата, се претвори во личност која брои и соопштува и  новозаболени и починати од короната.

Менаџирање со здравствениот персонал се виде дека за  него е непознат параметар.

Токму менаџирањето со овој персонал е клучно за соодветен одговор за решенија на последиците од короната.

Тоа изостана и затоа сме тука каде што сме.

Наскоро ќе се стави крај на неспособноста. Наскоро следи воспоставување на функционален здравствен систем. Изборот е јасен – обнова и квалитетно здравство, или измами од Филипче и Заев.

Граѓаните ќе одберат обнова на Македонија.

Прес-конференција на Жаклина Шопова од ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close