0_Македонија.ПорталОригинални текстовиПолитички партии

Прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ за предлогот за нова влада

Скопје, 22 август 2020

Скопје, 22 август 2020

Кадровските решенија за владата на Заев се слика и прилика на него лично. Како и самиот тој, така и неговите предлози се стари истрошени транзициски кадри. Зоран Заев ја поставува Јагода Шахпаска за министер за труд и социјална политика, нејзино единствено достигнување во досегашната кариера и е тоа што успеа да си ја вработи цела фамилија во државна администрација.

Постои сомнеж дека додека Шахпаска беше пратеник таа го искористила своето влијание и си ги вработила својата золва, Маја Двојаковска, во Општина Берово, а потоа го вработила и нејзиниот сопруг во „Македонски шуми“.

Од друга страна Шахпаска нема направено ништо ниту за Берово, ниту за Пехчево, регион од кој доаѓа, додека имаше политичка моќ како пратеник таа не истурка ниту еден проект за граѓаните на тие општини, туку го гледаше единствено својот личен интерес.

Која е квалификацијата што Шахпаска ја има за да биде министер за труд и социјална политика, дали тоа што како пратеник успеа да си ги вработи сопругот и золвата или тоа што нема направено ништо за регионот од кој што доаѓа?!

Од ова се заклучува само дека од Шахпаска можеме да очекуваме само вработување на свои блиски, доколку има такви и до сега не ги вработила.

Доволно е граѓаните видат примерите со Берово и Пехчево и да видат што ја очекува цела Македонија.

Ова не се ниту нови кадри, ниту способни. Ова се стари истрошени кадри, кои поминале неколку функции низ годините наназад. Ова се кадри остатоци од транзицијата.

СДСМ и нивните кадри во таканаречената нова влада не можат да донесат ништо ново.

Новинарско прашање: Кој е ставот за вчерашната прес конференција одржана пред ВМРО-ДПМНЕ за барање за вонреден конгрес за нов претседател на партијата?

–  Го кажавме нашиот став вчера, нема што да додадеме. Наш приоритет е борбата против катастрофалното владеење на Заев кое е грабеж на народот и државата. Се друго е помош за Зоран Заев.

Бети Стаменкоска Трајкоска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Back to top button
Close
Close