Политички партии

Прес-конференција на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Арсовски

Во текот на изминатите денови обзнанивме сериозни сомнежи во јавноста, како семејството Заеви и СДСМ делат профит со приватна агенција за обезбедување од Струмица, нормално за сметка на трошоците на граѓаните.

Скопје, 16 август 2020

Во текот на изминатите денови обзнанивме сериозни сомнежи во јавноста, како семејството Заеви и СДСМ делат профит со приватна агенција за обезбедување од Струмица, нормално за сметка на трошоците на граѓаните.

Приватна агенција за обезбедување од Струмица земала тендери во висина од над 21 милион евра за само 2 години, каде што отворено се сомневаме дека профитот го дели со семејството Заеви и СДСМ.

Како што рековме, 17 милиони евра тендери од универзалниот снабдувач за електрична енергија легнале на контото на струмичката агенција за обезбедување, а за сметка на тоа денес граѓаните имаат покачена електрична енергија. Едноставно, покачена е цената на електричната енергија за да може да профитира семејството Заеви.

Уште 4 милиони евра оваа струмичка фирма земала од државата за услуги за обезбедување, некаде и во абнормални услови каде што самите институции имаат чуварски служби,а сепак агенцијата за обезбедување земала тендер за да ги обезбедува тие институции.

Денес сакаме да поставиме неколку прашања, на коишто очекуваме одговор и од СДСМ и од надлежните институции коишто ги поделиле овие тендери.

Бидејќи се сомневаме, па доколку Заеви не беа толку алчни да делат огромни профити на грбот на граѓаните, свесни ли се колку болници ќе се реконструираа со овие 21 милион евра?

Свесни ли се колку градинки и училишта, каде што учат деца, ќе се реновираа и изградеа нови со овие 21 милион евра кои што легнаа во џебот на една фирма, односно го поделија профитот Заеви ?

Свесни ли се дека со 21 милион евра ќе се купеле десетици и десетици болнички возила кои секојдневно недостасуваат, а СДСМ ги ветуваше пред да дојде на власт?

Дали господата од семејството Заеви за чии привилегии граѓаните плаќаат повисока електрична енергија знаат дека со над 21 милион евра ќе можеле да пратат стотици граѓани на лечење во странство меѓу кои и деца?

Со 21 милион евра може да се набројат уште стотина работи кои можат да го подобрат животот на граѓаните или пак да спасат нечиј живот, бидејќи тоа се парите на граѓаните, но очигледно алчноста и криминогените дејанија преовладуваат во СДСМ и кај Зоран Заев и кај неговото семејство, коишто делат вакви профити, па поважен му е личниот џеб, отколку граѓаните.

Прес-конференција на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close