0_Македонија.ПорталПолитички партии

Прес-конференција на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ

Во нормална држава денес Зоран Заев и Ден Дончев ќе беа со лисици на рацете. Во нормална држава, почитувани, ваквите криминалци веќе ќе беа пред судот.

Скопје, 23 јуни 2020

Во нормална држава денес Зоран Заев и Ден Дончев ќе беа со лисици на рацете. Во нормална држава, почитувани, ваквите криминалци веќе ќе беа пред судот.

Во само 30 секунди снимен материјал, нашите граѓани вчера го видоа целиот трулеж на власта на Зоран Заев. Го видоа рекетот врз стопанственици, инвеститори и граѓани три години бил пракса на оваа криминогена власт. И се почнувало со зборовите имаме пас од Заев, како што впрочем вели Дончев во еден од снимените материјали емитувани на интернет.

Погледнете ја почитувани, снимката, и видете со која смиреност Ден Дончев зема нечии крваво заработени пари, и сето тоа нормално не би било можно, без како што вели тој пасот од Зоран Заев.

После ваква снимка почитувани, каде извршителот е инфлагранти фатен со сноп пари во рака, ЈО требаше уште веднаш да постапи и да го викне Дончев на распит, да отвори предмет против него и да го стави во притвор. Ништо од ова не се случи. Затоа што со ЈО за организиран криминал раководи Вилма Русковска, обвинител кој целосно ги игнорираше сите искази и докази на Боки 13, дека кај Заев завршиле парите од „Рекет“.

Зоран Заев наместо да одговори, вчера се обиде да ја дефокусира нашата јавност, со лаги. Јавноста очекува, почитувани, одговори. Каков пас му дал на Дончев и за што и каде влегла полицијата?

Заев и Дончев го злоупотребувале целиот државен систем и го ставиле во полза на нивните криминогени дејствија.

Државата буквално била злоупотребувана за рекетот на власта.

Зоран Заев и неговите луѓе го донесоа и спроведоа целиот криминален начин на работа од Струмица низ цела Македонија.

Го повикуваме ЈО да покрене постапка против Дончев, но и против главата на овој криминален октопод Зоран Заев. Доколку ги игнорираат видео и аудио материјалите кои излегоа во јавност директно се ставаат во услуга на криминалците од власта и стануваат нивни соучесници. И за нив, исто како и за организаторите и директните извршители ќе има одговорност веднаш по воспоставувањето на правната држава во Република Македонија.

Изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме со Зоран Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и нашиот народ ќе ја направи разликата.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close