0_Македонија.ПорталОпштествоПолитика

Прес-конференција на министрите за одбрана Шекеринска и Метнар (во живо)

Прес-конференција на министерката за одбрана Радмила Шекеринска и нејзиниот чешки колега  Лубомир Метнар, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Скопје, 11 мај 2021 (МИА) –  Прес-конференција на министерката за одбрана Радмила Шекеринска и нејзиниот чешки колега Лубомир Метнар, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

По свечена церемонија пред МО министерот Метнар се потпиша во книгата за гости по што имаше тет-а-тет средба со министерката Шекеринска.

 

Предвидена е и средба на македонската и чешката делегација, а ќе се потпише и Меморандум за разбирање за техничка соработка меѓу министерствата за одбрана и  за внатрешни работи на Северна Македонија и Министерството за одбрана на Чешка.

Чешкиот министер ќе има одвоени средби со претседателот Стево Пендаровски, со претседателот на Собранието, Талат Џафери и со претседателот на собраниската Комисија за одбрана и безбедност, Миле Талевски.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close