Политички партии

Прес конференција на градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети

Општина Сарај денес се на се има забележано 41лице заразени со вирусот CoVid - 19 и заразените се од повеќе населени места во нашата општина.

Скопје, 30 мај 2020

Последните случувања со јавното здравје во нашите општини имаат загрижувачки сразмери.

Општина Сарај денес се на се има забележано 41 лице заразени со вирусот CoVid – 19 и заразените се од повеќе населени места во нашата општина.

Ние изјавивме вчера дека сите заедно тежнееме што побрзо враќање во нормалност и да ја заздравиме и зајакнеме нашата економија, но секое врачање во секојдневата рутина обавезно треба да се последи со бескомпромисно почитување на мерките за заштита од граѓаните за да се спречи зголемувањето на бројката на заразени.

Тука сум пред Вас да Ви укажам дека непочитувањето на мерките и безгрижноста може да создаде непредвидливи долготрајни последици кои ќему наштетат на целото општество.

Јас сум во постојан контакт со централните и локалните институции како и со експертите и затоа, како локална самоуправа, но и како граѓани сме потполно на располагање на сите напори за да се надмине ова пандемија што побрзо .

Ова борба не може да се надмине без учеството и одговорностите на сите нас. Овој вирус не е шега и ова го докажуваме секојдневно. Што побргу ја прифаќаме новата реалност и ја зголемиме заштитата кон нашето здравје, толку побргу може да се вратиме во нормалност.

Силно апелираме до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита, носењето на заштитните маски, физичката дистанца, да одбегнуваат секакви фамилијарни и пријателски собири и да одржуваат лична хигиена на ниво.

Само почитувањето на мерките за заштита спречува проширување и ги поштедува членовите на нашите семејства и нашето општество.

Исто така, ги повикувам надлежните за јавното здравје да го зголемат бројот на тестирања во нашите општини и на тој начин што побрзо и поточно да се идентификуваат заразените на кои треба да им се помогне, но и да се спречи понатамошното проширување на вирусот.

Само со тестирање, со повеќе од 700 тестирања на ден, можеме да дознаеме колку лица се заразени и каде се жариштата на заразените.

Блерим Беџети, градоначалник на Општина Сарај

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Таг
Back to top button
Close
Close