Политички партии

Прес-конференција на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ за поскапувањето на струјата

Вчера отворивме случај каде што приватна компанија за обезбедување од Струмица има сомнеж дека испумпува пари преку државни институции за семејството Заеви, за што всушност е и зголемена и цената на електричната енергија, и сето ова го плаќаат граѓаните.

Скопје, 13 август 2020

Вчера отворивме случај каде што приватна компанија за обезбедување од Струмица има сомнеж дека испумпува пари преку државни институции за семејството Заеви, за што всушност е и зголемена и цената на електричната енергија, и сето ова го плаќаат граѓаните.

Покрај универзалниот снабдувач, агенцијата за обезбедување преку која постојат сомнежи дека се испумпуваат парите од профитот кој истиот универзален снабдувач го остварува заради поголемиот процент кој му го продаваат државните претпријатија по повластена цена, оваа агенција за обезбедување има склучено и други договори за обезбедување со други државни претпријатија кои што се под капата на СДСМ и семејството Заеви.

Имено, ова е шемата и начинот за испумпување на државните пари и парите на граѓаните, на конто на семејството Заеви, за да се богатат тие самите и да имаат пари во кеш, црни пари за да можат да вршат поткуп. И сето тоа на штета на граѓаните, односно го плаќаат граѓаните.

Да сумираме, од ЕВН и државните институции и претпријатија, агенцијата за обезбедување добила тендери во вредност од над 21 милион евра. Сега веќе се јасни бизнис релациите на Заеви со приватната агенција за обезбедување, која пак е нивни параван и јасен начинот и сумите за испумпување пари на граѓаните во семејството Заеви и СДСМ.

Да ги чуеме сега институциите преку кои се отвора сомнеж дека оваа приватна агенција за обезбедување испумпува пари од нив за семејството Заеви.

Општина Ѓорче Петров на 18.06.2020 година склучила договор во висина од 11.795.280,00 денари, на која ова и е втор договор со истата агенција.

Општина Аеродром платила 7.079.929 денари за договор за обезбедување склучен на 31.12.2019 година, односно на денот на Новата година.

Корисник на услугите на оваа агенција е и Петре Шилегов, кој преку Град Скопје склучил договор во вредност од 11.999.995 денари на 01.08.2019 година, на

кој исто така му е втор договор со оваа агенција, а првиот бил склучен на 19.09.2018 година и бил со висина од 7.680.034 денари.

Пари оваа агенција земала и од Струмица гас, фирмата благодарение на која што Струмичани плаќаат најскап гас во светот, од каде што инкасирале 1.178.454 денари со договор склучен на 03.04.2020, а и претходната 2019 година инкасирале 1.180.000 денари или вкупно околу 2.5 милиони денари.

Како корисници на услугите се јавуваат и општина Струмица од каде што потекнува истата агенција и Зоран Заев, Катастарот на недвижнини, ЈП Нискоградба Битола и други државни институции или претпријатија во државна сопственост.

Додека парите кои ги земале од универзалниот снабдувач во висина од 16.707.030 евра. Се поставува логичкото прашање која е потребата и за што за обезбедување кај универзалниот снабдувач, за да се отвори потреба во период од 2 години кон оваа приватна агенција за обезбедување да се исплати приближно 17 милиони евра.

Логички се и сомнежите дека на тој начин всушност се испумпуваат пари, но и дека цената на струјата се поскапува за овој начин на испумпување на пари да продолжи, а сето тоа да го платат никој друг освен граѓаните на Република Македонија. Истото е и со гасот во Струмица во однос на Струмичани, како и со сите останати давачки кои што граѓаните ги имаат кон државата, кои изминативе 3 години значително се покачени, а Заеви ги испумпуваат преку параван приватна агенција за обезбедување со цел да завршат во нивните џебови.

Ова е сериозен случај за ревизија на сите овие тендери кон оваа приватна компанија, но не очекуваме дека институциите под водство на Заев ќе покренат нешто, затоа граѓаните сами нека ценат каде завршуваат нивните пари, односно парите од покачувањето на сите давачки.

Прес-конференција на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close