0_Македонија.ПорталПолитички партии

Прес-конференција на Богданка Кузеска од СДСМ за одлука на АВМУ

ВМРО ДПМНЕ никако да се одвикне да злоупотребива државни институции и органи за лична и партиска корист. 

21 јуни 2020
ВМРО ДПМНЕ никако да се одвикне да злоупотребива државни институции и органи за лична и партиска корист.
Последниот пример е одлуката на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со којашто партијата ВМРО ДПМНЕ спротивно на Законот е ставена во повластена положба.
Ставајќи се целосно во партиска служба, директорот на Агенцијата назначен од ВМРО ДПМНЕ, Зоран Трајчески, не го почитува законот и известувањето на ДИК за распределба на медиумски простор за двете најголеми опозициски партии.
Иако во описот се вели дека 6 минути им припаѓаат на двете најголеми опозициски партии, кои на последните избори за пратеници имаат освоено повеќе гласови, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги им наредува на медиумите да ги распределат сите 6 минути единствено на ВМРО ДПМНЕ.
Во ваков случај на Движењето Беса кое во коалиција со СДСМ му се нанесува штета.
Агенцијата под контрола на ВМРО ДПМНЕ го игнорираше обраќањето на ДИК до Движењето БЕСА да изготви план за медиумско претставување и тоа не ја спречи агенцијата да издаде наредби спротивно на Изборниот Законик.
ВМРО ДПМНЕ е навикната да ги контролира медиумите и сиот простор да биде за нив.
Остатоците од режимот со последни сили се обидуваат на секој начин да се спасат колку можат. Уште не почнат, ризикуваат да загрозат демократски изборен процес, со што и нанесуваат штета на државата и евроинтегративниот процес.
Затоа на 15 јули овие режимски злоупотреби, деструктивност и неодговорност, ќе бидат казнети од граѓаните.

Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста

__________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close