Политички партии

Прес-конференција на Антонио Милошоски, ВМРО-ДПМНЕ

Денешната прес конференција се однесува на завршните зборови на првообвинетиот и второобвинетата во случајот Рекет, најголемата финансиска и рекетарска афера во независна Македонија.

Скопје, 3 јуни 2020 

Почитувани,

Денешната прес конференција се однесува на завршните зборови на првообвинетиот и второобвинетата во случајот Рекет, најголемата финансиска и рекетарска афера во независна Македонија.

Од она што можеше да се слушне во изјавите од првообвинетиот и второобвинетата се гледа дека обвинителството смислено не ги вештачело целосно нивните телефони, особено на првообвинетиот Бојан Јовановски затоа што во неговиот телефон според тврдењата се наоѓаат докази за комуникација помеѓу него и поранешниот премиер Зоран Заев, за обезбедување на број на пратеници, за влијание врз судството и за рекетирање на стопанственици.

Ваквите изјави сметаме дека треба да бидат третирани како допрен глас за Јавното обвинителство и апелираме Обвинителството за борба против организиран криминал под итно да спроведе истрга за можното соучество на Зоран Заев во аферата Рекет или можеби неговата улога на налогодавец на целата оваа финансиска афера.

Она што исто така сметам дека во овој случај е битно е дека во телефонот на првообвинетиот во случајот Рекет се тврди дека постои смс порака од 16 април минатата година каде што господинот бивши премиер Зоран Заев на првообвинетиот му испраќа порака: Дојди да се видиме и ќе ги соочиме доказите.

Се поставува прашањето како дошле доказите за Рекет до бившиот премиер Зоран Заев на 16 април минатата година, кога истиот Зоран Заев тврдеше дека пријавата за Рекет ја направил на 2 мај? Дали тоа значи дека доказите од обвинителството прво одат на проверка во владата на СДСМ и кај Зоран Заев а потоа дури одат во судница?

Сметаме дека доколку е ова точно е скандалозно и не покренува само сомнение за првообвинетиот Бојан Јовановски во “Рекет”, туку остава основано сомнение дека Зоран Заев е соучесник или налогодавец во најголемата криминална афера “Рекет” во изминатите 30 години.

Истовремено апелираме до ЈО освен детално вештачење на мобилниот апарат на првообвинетиот во случајот “Рекет”, да се изврши детално вештачење на мобилниот телефонски апарат на тогашниот премиер Зоран Заев, истиот оној телефон преку кој што разговараше со лажниот Порошенко. Тоа би биле нашите апели до ЈО и правосудството и ги повикуваме да дејствуваат поефикасно и неселективно, за да може оваа афера да ја добие нејзината вистинска димензија.

Ви благодарам на вниманието

Прашање: Вие сте втор на листата веднаш после Игор Дурловски, Ваш коментар околу синоќешниот инцидент од страна на советникот на Зоран Заев од владата, кој извршил вербален напад и закани кон носителот на ИЕ5 Игор Дурловски?

Одговор: Јас разговарав вчера со колегата Игор Дурловски, тој беше видно вознемирен од тоа што му се случило и тој уредно го пријавил овој настан. Нашиот коментар е следен: Господине Заев, Вашата нервоза може да си ја зачувате за Вас лично, знаеме дека се плашите од пораз, но вашите насилници и советници не ги користете за да се закануваат на нашите кандидати за пратеници. Нема да ги заплашите, само покажувате како ги злоупотребувате вашите ресурси, на кој начин сметате и сакате да учествувате на изборите, но истовремено не мотивирање уште повеќе вашиот пораз да биде посилен. Господинот Игор Дурловски за ваквиот немил настан и инцидент, направен од лице блиско до Зоран Заев и негов личен советник, ќе ги извести релевантните фактори на меѓународната заедница тука во Република Македонија.

Прашање: Се повеќе од власта слушаме дека пандемијата ќе трае со месеци додека гледаме дека сите останати земји во регионот прогласија победа над пандемијата, кој е вашиот коментар за траењето на пандемијата и коментар за тоа дали има можност за датум за избори и кога би можел да се одреди, односно да се случи?

Одговор: Во однос на пандемијата навистина е загрижувачки што во Македонија секојдневно има двојно поголема бројка на заразени од Ковид-19 отколку од сите балкански држави заедно. Многу се провидни и несериозни изјавите на министерот Филипче и на Заев, кои што сметаат дека оваа пандемија затоа што е непознатица, тие не можат да прогнозираат кога ќе биде ставена под контрола и кажуваат дека денешната состојба може да биде иста и на 5-ти јули, и на 5-ти август и на 5-ти септември. Таквите изјави се несериозни затоа што ние имаме соседни држави во регионот со кои што имаме слични проблеми, сличен менталитет, сличен здравствен систем, а гледаме дека се справуваат подобро. Како може во Албанија, Косово, Србија, Бугарија, Хрватска, Црна Гора пандемијата да биде ставена под контрола пандемијата да биде ставена под контрола и бројот на

заразени да е едноцифрен, а во Република Македонија бројот на заразени да расте во моменти кога само пред два три месеци министерот Филипче кажа дека успешно сме се справиле со првиот бран. Затоа сметам дека бројката на заразени само е одраз на слабата организација во борбата против пандемијата и затоа апелираме политичарот и лекарот, доктор Караџовски да биде тргнат од позицијата претседател на телото за координација на борба против пандемијата и таму да биде ставен стручен лекар, чии што професионален интегритет ќе биде посилен од налогодавницте на политичката сцена како што се Заев и министерот Венко Филипче.

По однос на изборите имаме само еден коментар, ВМРО-ДПМНЕ како партија и организација е секогаш спремна за избори, но во овој момент, следните две три недели најдобро е цела држава да ги стави сите ресурси на располагање, да ја сузбиеме пандемијата и да го намалиме бројот на заразени и за жал починати, а по однос на одредување на датумот навистина е непристојно и дегутантно во момент кога имаме најголем број на заразени во регионот ние да лицитираме со датуми. Тука би сакале да продолжи политичкиот дијалог со сите останати политички партии врз основа на здравствените параметри.

Ви благодарам на вниманието

Антонио Милошоски, ВМРО-ДПМНЕ

 

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close