Дописници МКДОпштински вести

Преработувачките капацитети од Свети Николе заинтересирани за ИПАРД-средства

Земјоделци и претставници на преработувачки капацитети од Свети Николе и Пробиштип денеска присуствуваа на Инфо-денот за користење средства од ИПАРД Програмата 2014 – 2020.

Штип, 9 јануари 2020 (МИА) – Земјоделци и претставници на преработувачки капацитети од Свети Николе и Пробиштип денеска присуствуваа на Инфо-денот за користење средства од ИПАРД Програмата 2014 – 2020.

Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски рече дека е голем интересот на преработувачките капацитети за можностите што ги нуди ИПАРД 2.

-Тема на дискусијата беа мерките за рурални средини, примарното производство, преработката, диверзификацијата на фарми и развојот на бизниси. Присутните се информираа за начинот на апликација, кои се можностите за инвестирање во објекти, помошни објекти, како и за заштита на животната среднина, изјави Велковски.

Светиниколскиот или познат како овчеполски регион е најземјоделскиот дел на истокот, каде што има над 4.500 индивидуални земјоделци. вдј/мч/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close