0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталBiznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталЕкономијаОпштество

Препорака до банките да ги исплатат пензиите од 28 март

Владата им препорача на деловните банки порано да обезбедат исплата на пензии односно од 28-ми март.

Скопје, 22 март 2020 (МИА) – Владата им препорача на деловните банки порано да обезбедат исплата на пензии односно од 28-ми март.

– Вицепремиерката за економски прашања и координација со економските ресори Мила Царовска се обрати до Македонската банкарска асоцијација со барање поради вонредната состојба  со коронавирусот, банките да овозможат исплата на пензиите во пет групи  на пензионери според износот на пензија по работни денови од 25 март до 31 март 2020 година. По добиеното известување од Македонската банкарска асоцијација, Кабинетот на вицепремиерката за економски прашања и координација со економските ресори, предложи, а Владата прифати да им се препорача на деловните банки да обезбедат исплата на пензии од 28-ми март, се вели во соопштението од владината прес-служба.са/

Back to top button
Close
Close