0_Спорт.ПорталФудбал

Преостанатите реванши во ЛШ нема да се играат на неутрални терени

Преостанатите реванши од осминафиналето во фудбалската Лига на шампиони нема да биде префрлен на неутрални стадиони, тврди „АС“.

Мадрид, 6 јули 2020 (МИА) – Преостанатите реванши од осминафиналето во фудбалската Лига на шампиони нема да биде префрлен на неутрални стадиони, тврди шпански „АС“.

Претходно беше одлучено четвртфиналето, полуфиналето и финалето да се играат во Лисабон во формат „Финални осум“ од 12 до 23 август.

Сепак, прашањето за одигрување на четири натпревари возвратни натпревари од осминафиналната фаза останува отворено.

Во моментов, во оваа фаза останува да се одржат средбите
Јувентус – Лион, Манчестер сити – Реал Мадрид, Баерн – Челзи и Барселона – Наполи.

УЕФА објави дека средбите ќе се одржат на 7 и 8 август, но сè уште не го објавиле местото.

„АС“ известува дека в петок ќе има официјална потврда дека домаќините ќе ги примаат гости на своите стадиони. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close