СветСвет.Портал

Премиерот на Малезија би се вратил на функцијата ако добие мнозинство во Парламентот

Малезискиот премиер Махатхир Мохамед, кој пред два дена поднесе оставка, изјави дека ќе се врати на функцијата доколку добие мнозинство во Парламентот.

Куала Лумпур, 26 февруари 2020 (МИА) – Малезискиот премиер Махатхир Мохамед, кој пред два дена поднесе оставка, изјави дека ќе се врати на функцијата доколку добие мнозинство во Парламентот.
Тој денеска првпат по поднесувањето на оставката и се обрати на јавноста, нагласувајќи дека се откажал од настојувањата да покаже оти не сака моќ и би се вратил доколку биде избран, но и ќе прифати ако некој друг биде избран.
Како што нагласил, доколку има можност ќе формира влада која не е партиски насочена, туку предност ќе им даде на националните интереси.
Малезискиот крал Абдулах претходно денеска ги заврши дводневните консултации со сите 222 пратеника, за да утврди кого поддржуваат како премиер и дали сакаат нови избори.
Деведесет и четири годишниот Махатхир Мохамед беше најстариот премиер на светот. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close