Kultura.SlajderДописници МКДКултураКултура.ПорталОпштински вести

Премиерна изведба на претставата „На здравје“ во Гевгелија

Аматерската театарска група „Дон Кихот“ од Гевгелија со премиерната изведба на претставата „На здравје“ на градот и граѓаните им го врати театарот, нешто што некогаш постоеше и што Гевгелија залужува да го има.

Гевгелија, 31 октомври 2018 (МИА) – Аматерската театарска група „Дон Кихот“ од Гевгелија со премиерната изведба на претставата „На здравје“ на градот и граѓаните им го врати театарот, нешто што некогаш постоеше и што Гевгелија залужува да го има.

Во продукција на Домот на културата од Гевгелија, аматерските актери ја изведоа претставата работена по два интересни текста на французинот Жан Пол Кантино и англичанката Шерил Барет,во режија на Катица и Даниела Џишеви.

Главните јунаци мошне сугестивно на гевгелиската театарска сцена ја одиграа оваа современа драма која на еден карикиран начин ги допира меѓучовечките односи во денешно време.

Аматерската театарска група од Гевгелија претставата „На здравје“ со голем успех ја изведе и пред публиката во Струмица, а гевгеличани, кои беа воодушевени од изведбата, очекуваат во најскоро време да бидат изненадени со нова претстава од групата „Дон Кихот“. им/сд/

Back to top button
Close
Close