0_Спорт.ПорталФудбал

Премиерлигата ќе добие 5,1 милијарди фунти од британските радиодифузери до 2025 година

Англиската фудбалска Премиер лига го продолжи договорот со националните радиодифузери.

Лондон, 13 мај 2021 (МИА) – Англиската фудбалска Премиер лига го продолжи договорот со националните радиодифузери.

Новиот договор на лигата со „Sky Sports“, „BT Sport“, „Amazon“ и „BBC Sport“ трае до 2025 година. Скај спортс појаснува дека износот на договорот бил околу 5,1 милијарди фунти.

Правата за емитување овојпат беа доделени без тендер, што нормално се распишува за вакви договори.

Премиер лигата објави дека е во можност да ја убеди британската влада да направи исклучок поради разорното влијание на пандемијата на коронавирус. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close