0_Спорт.ПорталФудбал

Премиерлигашите потрошија 84,2 милиони фунти на трансфери во јануари, три пати помалку од минатата зима

Зимскиот преоден рок е затворен во Премиер лигата. Вкупно, 20-те клуба во лигата потрошија 84,2 милиони фунти на трансфери во јануари.

Лондон, 2 февруари 2021 (МИА) – Зимскиот преоден рок е затворен во Премиер лигата. Вкупно, 20-те клуба во лигата потрошија 84,2 милиони фунти на трансфери во јануари.

Ова е значително помалку од претходниот зимски трансфер период од 230 милиони во 2020 година. Рекордот беше поставен во зимата 2018 година – 430 милиони.

Најголемата зделка во тековниот зимски трансфер период во Премиер лигата беше трансферот на напаѓачот Амад Диало од Аталанта во Манчестер јунајтед за 37 милиони фунти, објави „Sky Sports“.

За целиот трансфер период во Премиер лигата, беа извршени само 12 трансфери во тековна основа. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close