Дописници МКДОпштински вести

Премиера на „Петтото годишно време“ во Велешкиот театар

На големата сцена „Петре Прличко“ на велешкиот Народен театар синоќа во рамки на завршната свечена програма на годинашните 58 по ред Рацинови средби, Народниот Театар „Јордан Х.К.-Џинот“, Велес премиерно ја изведе претставата „Петтото годишно време“ по текст на Сашо Димоски, во режија на Васил Зафирчев, а во изведба на балерината Олга Панго, која од присутната публика доби долг и силен аплауз за изведбата.

Велес, 13 јуни 2021 (МИА) – На големата сцена „Петре Прличко“ на велешкиот Народен театар синоќа во рамки на завршната свечена програма на годинашните 58 по ред Рацинови средби, Народниот Театар „Јордан Х.К.-Џинот“, Велес премиерно ја изведе претставата „Петтото годишно време“ по текст на Сашо Димоски, во режија на Васил Зафирчев, а во изведба на балерината Олга Панго, која од присутната публика доби долг и силен аплауз за изведбата.

„Петтото годишно време“ е магистерска претстава по театарска режија на Васил Зафирчев, под менторство на проф. Дејан Пројковски на Факултетот за театарски уметности на Универзитетот „Еуропа прима“ во Скопје. Танцтеатарски моноперформанс кој ги истражува и имплементира авторските и уметничките постапки од постдрамскиот театар и танцтеатарот.

Сценографијата, видеото, илустрациите и рекламниот материјал за претставата се на Филип Коруновски. Костимографијата е на Раде Василев, а автор на аудиодизајнот и музиката е Сашко Костов.

„Петтото годишно време“ е претстава за една балерина на 73 години, сместена во старечки дом, која иако боледува од Алцхајмерова болест, грчевито се бори да ги евоцира и оживее најзначајните моменти, настани и случки од нејзиниот минат живот, со цел да стигне до нејзиниот вечен сценски момент, кој практично ќе значи и нејзина конечна физичка смрт, појаснуваат авторите на претставата.

Инаку првата реприза на претставата е во среда на 16 ти јуни, а на 24-ти јуни претставата ќе биде изведена и во рамките на Фестивалот на монодрама во Битола.ад/ир

Back to top button
Close
Close