Kultura.SlajderКултураКултура.Портал

Премиера на краткиот филм „Вистината за Бади“

Краткиот средношколски игран филм „Вистината за Бади“ денеска ќе има онлајн премиера, со почеток во 18 часот на официјалната ФБ фан страна на Центар Мултус. https://www.facebook.com/MultusCentar

Скопје, 24 јуни 2020 (МИА) – Краткиот средношколски игран филм „Вистината за Бади“ денеска ќе има онлајн премиера, со почеток во 18 часот на официјалната ФБ фан страна на Центар Мултус. https://www.facebook.com/MultusCentar

Филмот е во продукција на Центар за едукација, култура и активизам Мултус од Гевгелија и ученици од СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија и е работен како дел од проектот „Сите вистини на вестa“.

– Филмот го работевме со голем ентузијазам од вклучените средношколци. Оваа активност беше вметната во проектот со две цели – да се прикаже потенцијалната штета на медиумските манипулации и да се даде шанса на гевгелиските средношколци да се вклучат во ваков предизвик и да создадат филм. Се надеваме дека некој од нив ќе остане со овој интерес и дека ќе го одбере токму овој правец за своја кариера, изјавија од Центар Мултус.

Проектот „Сите вистини на веста“ е дел од проектот Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк, спроведуван од Фондација Метаморфозис и Еуротинк – Центар за европски стратегии. мд/са/

Back to top button
Close
Close