0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Премиер лигата се враќа на три измени

Лондон, 6 август 2020 (МИА) – Во Премиер лигата од следната сезона повторно ќе бидат дозволени само три измени, беше решено на средбата на клубовите.

Според Би-Би-Си, клубовите гласале да се вратат на старото правило затоа што сметале дека повеќе промени им одговараат на најсилните и најбогатите.

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) дозволи уште две измени поради обемот на работа на фудбалерите по „рестартирањето“ на сезоната, првично до септември, а потоа го продолжи тоа правило до август 2021 година.

Ова значи дека пет измени, доколку така решат надлежните, ќе можат да се користат во репрезентативните натпревари, ЕУРО и Копа Америка, следното лето.

Таг
Back to top button
Close
Close