Политички партии

„Преку врата доаѓа лето“-мото на Демократската партија на Албанците за изборите

Демократската партија на Албанците (ДПА) го објави мотото „Преку врата доаѓа лето“ со кое ќе настапи на предвремените парламентарни избори на 12 април. На градскиот плоштад во Тетово партијата одржа прес-конференција за ги претстави сите членови на новоизбраните партиски оддели и комисии.

Тетово, 25 јануари 2020 (МИА) – Демократската партија на Албанците (ДПА) го објави мотото „Преку врата доаѓа лето“ со кое ќе настапи на предвремените парламентарни избори на 12 април. На градскиот плоштад во Тетово партијата одржа прес-конференција за ги претстави сите членови на новоизбраните партиски оддели и комисии.

-Иако на македонски тоа нема да функционира како што треба, ќе има експерти што ќе преведат. „Преку врата доаѓа лето“ на албански има и рима. Ние сме спремни како ДПА не само со платформа и со програма туку сме спремни и со структура и со професионални структури кои ќе се појават денеска пред јавноста. Бараме од Албанците и од другите граѓаните да ни даваат мандат имаме сите експерти, спремни сме да преземаме одговорност и власт. Власта нема да ја преземе за да ја употребиме за себе туку преку таа власт ќе сакаме ако биде тоа возможно да им служиме на Албанците и на сите граѓани, рече партискиот претседател Мендух Тачи.

Според него оваа понуда со истакнати професионалци, покрај досегашните познати платформата и програмата  ја прави ДПА уникатна во однос на другите партии.

-Една комплетна екипа на професуионалци кои имаат и искуство кои можат да раководат со институциите на системот и да раководат со Владата на Република Македонија. Ова е еден од најважните фактори после програмата и платформата. Другите политички партии на Албанците не само првото што ја немаат, мислам дека и второто веќе е јасно дека не поседуваат ресусрси кадровски и професионални кои би раководеле со институциите, рече Тачи.

За евентуалните предизборни коалиции Тачи истакна дека е рано да се зборува.

-Не сакам предвреме да зборам, има можности на помали партии на Албанците и други асоцијации и второ овие луѓе што ги гледате тука уште двојно повеќе имаме професионалци кои сакаме да ги заштитиме од репресиите на другите политички партии особено ДУИ кои се на жалост 99 отсто од локална и централната власт. Не се само овие луѓе кои ќе ги раководат институциите, имам перфектни професионалци кои не сакаме да ги експонираме за да не бидат објект на репресија на ДУИ,  истакна партискиот лидер.ас/скс/

Back to top button
Close
Close