0_Web_АктуелноДописници МКДОпштество

Преку преминот Ќафасан претпладнево минале 3.000 лица, главно македонски туристи

Македонските граѓани и натаму се меѓу најбројните туристи на албанските плажи. Освен изминатиот период, и сега е голем бројот на оние кои за одмор го избираат албанското крајбрежје, посебно Драч, Валона и Саранда.

Тирана, 23 август 2020 (МИА) – Македонските граѓани и натаму се меѓу најбројните туристи на албанските плажи. Освен изминатиот период, и сега е голем бројот на оние кои за одмор го избираат албанското крајбрежје, посебно Драч, Валона и Саранда.

Голема фреквенција и денеска е забележана на преминот Ќафасан, на македонско – албанската граница кај Струга, каде само претпладне на албанска територија влегле над 3.000 патници.

-Само првите претпладневни часови преку преминот минаа над 3.000 патници, главно македонски државјани, но има и државјани на други земји. Во текот на вчерашниот ден и денеска вкупно поминале над 12.000 лица, информираат од Дирекција за граница и миграција.

Додаваат дека со цел нормално да се одвива протокот на патници и возила да не се создаваат непотребни гужви зголемен е бројот на шалтери на кои се работи.

Од албанската страна работат шест шалтери, четири за влез и два за излез, додека на македонска страна на преминот пет шалтери.

Дел од македонските туристи, кои за одмор ја избрале Албанија минуваат и преку преминот „Блато“ кај Дебар. Станува збор за оние кои одлучиле да одмараат во Шенѓин, град кој е побилску доколку се патува преку Дебар, а каде климата е идентична со онаа со црнгорското летувалиште Улцињ.вт/бт/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close