0_Web_АктуелноBiznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталЕкономија

Преку 1.000.000 граѓани опфатени со МСИП – Проектот за подобрување на општински услуги

Изминатава година преку 1.000.000 граѓани беа опфатени со МСИП - Проектот за подобрување на општински услуги. Со проектот се финансираат капитални инвестиции во општините со цел да се подобри животот во нив, а истиот се спроведува од Министерство за финансии со поддршка од World Bank Republic of North Macedonia, објави на својот Фејсбук профил министерката за финансии Нина Ангеловска.

Скопје, 27 јуни 2020 (МИА) – Изминатава година преку 1.000.000 граѓани беа опфатени со МСИП – Проектот за подобрување на општински услуги. Со проектот се финансираат капитални инвестиции во општините со цел да се подобри животот во нив, а истиот се спроведува од Министерство за финансии со поддршка од World Bank Republic of North Macedonia, објави на својот Фејсбук профил министерката за финансии Нина Ангеловска.

– Изминатите 12 месеци со проектот е започната или завршена изградба/реконструкција на: училишта во Општина Гевгелија, Општина Велес и Липково, градинки во Центар, Општина Гостивар и Општина Кисела Вода, детско игралиште и скејт парк во Општина Ѓорче Петров и Општина Илинден, Дом на култура во Демир Капија, водоводи и канализација во Кривогаштани и Гевгелија, локални улици и патишта во: Желино, Сопиште, Карпош,Радовиш, Демир Хисар, Кисела Вода, Шуто Оризари, Кавадарци, Василево, Кочани, Ѓорче Петров и Општина Битола, наведува Ангеловска.

Намавени се и механизација, општински возила и друга општинска инфраструктура во Градот Скопје и повеќе други општини низ земјава.

Целта на МСИП е преку подобрување на општинските услуги во сите општини, да се подобрат условите за живеење на граѓаните.са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close