0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Дескоска: Новиот закон за ЈО ќе овозможи ефикасна борба против криминалот и корупцијата

Прекината е седницата на собраниската Комисија за европски прашања на чиј дневен ред се законите за Јавно обвинителство и за Советот на јавни обвинители, поради ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО на државава најавена на пленарна седница што треба да почне во 15 часот, а за нејзиното продолжение претседателот на Комисијата Артан Груби најави дека ќе извести дополнително.

Скопје, 11 февруари 2020 (МИА) – Прекината е седницата на собраниската Комисија за европски прашања на чиј дневен ред се законите за Јавно обвинителство и за Советот на јавни обвинители, поради ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО на државава најавена на пленарна седница што треба да почне во 15 часот. За нејзиното продолжение претседателот на Комисијата Артан Груби најави дека ќе извести дополнително.

– Денешниот ден е посветен на зачленувањето на нашата држава во НАТО и тука ќе ја прекинам работата на седницата, а за нејзино продолжување ќе ве известам дополнително, рече Груби.

Законот за ЈО на седницата го образложи министерката за правда Рената Дескоска истакнувајќи дека станува збор за комплементарен текст со европски стандарди којшто ќе овозможи навистина ефикасна борба против криминалот и корупцијата.

– Овие измени кои ги гледате, кои се дебатираа во изминатиот период, во преодните и во завршните одредби, содржат одредени специфики кои се однесуваат на предметите на СЈО, но ниедна од овие измени кои беа направени на текстот нема да значи затворање на кој било предмет на СЈО или пак некој друг предмет што го води редовното обвинителство, рече Дескоска.

На текстот на законот за ЈО за кој власта тврди дека е обезбедена потребната двотретинска поддршка од пратениците, се поднесени два амандмана.

Пред усвојување на дневниот ред на седницата пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ процедурално  побара да се повлече законот за ЈО, бидејќи, како што рече, нема одлука од Влада за новиот коригиран текст на законот, но неговото барање не беше прифатено.

Собранието доцна синоќа ја утврди потребата двата закона да се носат по скратена постапка.Законот за јавното обвинителство по прексиноќешното зелено светло од Владата вчера влезе во собраниска процедура.мд/лв/

Back to top button
Close
Close